Фан на Црвена Звезда најдобро опиша како изгледаат „црвено-белите“ без Антиќ во тимот (Фото)

pero

Црвена Звезда играше очајна одбрана на гостувањето кај Ефес и прими повеќе од 100 поени во поразот од 104:95, а глобалниот заклучок на српските медиуми беше дека националниот шампион едноставно го губи идентитетот и не е ист тим кога не игра Перо Антиќ.

Нашиот кошаркар не настапи на оваа средба и остана на клупата, а колкаво е неговото значење во овој тим на Звезда доволно ни говори конечниот резултат, особено кога станува збор за играта во одбрана. Покрај српските медиуми, до идентичен заклучок по отсуството на Антиќ дојдоа и навивачите на Црвена Звезда, а еден фан на најдобар можен начин опиша како игледаат „црвено-белите“ без Перо во тимот.

– Звезда без Перо Антиќ е како поштар без адреса, пилот без стјуардеси, ранет волк во снегот што тивко умира… – гласи објавата која и остави посебен печат на српската јавност.

Facebook Коментари