Поврзете се со нас

Шпанија

Фалкао: Трансферот на Мбапе носи проблем само за Анчелоти

Објавено

на

Foto:x.com/RayoVallecano

Радамел Фалкао беше главна ѕвезда на Монако во периодот кога Килијан Мбапе се пробиваше од младинската школа, но искусниот „Ел Тигре“ сепак дочека можност да игра две сезони со големиот талент.

Осум години подоцна, Мбапе е една од најголемите светски ѕвезди и завчера го комплетираше трансферот во Реал Мадрид, а во низата најави за тоа што може да се очекува од него, со коментар се јави и Колумбиецот.

Фалкао верува дека Реал ќе биде уште понедостижен за ривалите наредната сезона, но исто така смета дека единствен проблем од ангажманот на Мбапе добил Карло Анчелоти.

– Трансферот на Мбапе носи проблем само за Анчелоти. Тренерот ќе има проблеми бидејќи ќе треба да најде решение каде да го стави на теренот. Реал Мадрид осовои се оваа сезона, а со Мбапе ќе бидат уште подоминантни.

– Ако се биде како што треба и како што се очекува, противничките одбрани ќе имаат уште потешка задача со играч како Мбапе во Реал. Тој има се што е потребно за да триумфира во Реал Мадрид, се надевам дека ќе си ги исполни соништата, – изјави Фалкао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни