Поврзете се со нас

Свет

Фалкао со реакција за новиот начин на прославување на головите

Објавено

на

Саботните натпревари во Бундеслигата го вратија елитниот фудбал на програмата, иако реалноста е таква што тие се играат без публика, а сите актери на теренот мора да почитуваат голем број мерки за претпазливост поради коронавирусот.

По дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04, на Твитер реагираше Радамел Фалкао, а причина беше начинот на кој Халанд и неговите соиграчи го прославија првиот гол на средбата.

Оддалеченоста меѓу играчите е еден вид мерка за одржување дистанца, но колумбискиот фудбалер смета дека нема логика за вакво правило, бидејќи во текот на мечот фудбалерите се во постојан контакт.

– Гледајќи го враќањето на фудбалот се прашувам: Постои ли техничка причина да не биде дозволено поблизок контакт меѓу фудбалерите при прославувањето на головите?

– За време на натпреварите ние сме во постојан контакт, кога изведуваме корнер, противничките дефанзивци се врз нашиот грб, – вели Фалкао, со што експресно предизвика дебата на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни