Поврзете се со нас

Шпанија

Фалкао го објасни чудниот избор на број на дрес во Рајо Валјекано

Објавено

на

Радамел Фалкао ќе му биде соиграч на нашиот Столе Димитриевски во редовите на Рајо Валјекано, а Колумбиецот ќе се обиде да му помогне на овој тим да обезбеди опстанок по враќањето во Ла Лига.

Фалкао ги изненади навивачите откако го избра дресот со број 3, кој е далеку од очекуван и вообичаен за фудбалски напаѓач, но тој има објаснување за одлуката.

Преку социјалните мрежи Радамел ја посвети бројката на својот татко, кој во најголемиот дел од фудбалската кариера бил токму „тројка“.

Таткото на Фалкао починал во 2019 година, а во фудбалската кариера настапувал за повеќе клубови од Колумбија и Венецуела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни