Поврзете се со нас

Свет

Фалкао емотивен по изборот на нов клуб: Сите знаат дека ова е тимот на моето срце

Објавено

на

Foto:x.com/RayoVallecano

Радамел Фалкао има долга и успешна фудбалска кариера, а на 38-годишна возраст реши да избере нов клуб во кој ќе настапува наредниот период.

Колумбискиот напаѓач по 25 години се враќа во својата татковина и си ја оствари големата желба, да стане член на Милонариос од Богота, клуб со кој потпишал шестмесечен договор.

– Сите знаат дека Милонариос е тимот на моето срце, – рекол Фалкао во видео обраќањето до фановите.

Интересно, Фалкао никогаш досега нема настапувано во првата колумбиска лига, а последен пат настапувал во својата земја во 2000 година, но како член на второлигашот Лансерос.

Во својата успешна кариера, Фалкао настапуваше за клубови како Атлетико Мадрид, Челси, Порто, Галатасарај и Манчестер Јунајтед, а последната сезона беше член на Рајо Валјекано.

Милонариос на 9. јули треба да гостува кај Ривер Плата, уште еден негов поранешен клуб, но засега е нејасно дали Фалкао ќе настапи на тој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни