Фахик Весели освои бронза на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес!

fahik veseli

Фахик Весели освои бронзен медал на Младите олимписки игри кои се одржуваат во Буенос Аирес Аргентина.

Македонскиот каратист во полуфиналето загуби од Јапонецот Масаки Јамаока, поради четири добиени казни.

Претходно во групната фаза Весели забележа две победи против Абдала Хамад од Јордан со 1-0 и Родриго Тељо од Аргентина со 6-0 и еден пораз од Ал Асири од Саудиска Арабија со 4-0.

Ова е историски прв медал за Македонија на МОИ како и прв медал откако каратето е примено во олимпиското семејство.

Резултати на Весели на МОИ:

Групна фаза:

1 коло: Фахик Весели – Мохамед Ајед Ал Асири (Саудиска Арабија) – 0:4
2. коло: Фахик Весели – Абдала Хамад (Јордан) – 1:0
3. коло: Фахик Весели – Родриго Тељо (Аргентина) – 6-0

1/2 финале:

Фахик Весели – Масаки Јамаока 0-8 (четири добиени казни Ц2)

Facebook Коментари