Поврзете се со нас

Италија

Фаџоли за деновите под суспензија: Мислев дека Јувентус ќе ме откачи

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Николо Фаџоли е еден од најперспективните италијански фудбалери, но си создаде голем проблем со нелегалното обложување, поради кое заработи суспензија.

Членот на Јувентус тренира вообичаено за да биде подготвен за камбекот на терените пред крајот на сезоната, а во последното интервју зборувал за актуелната ситуација.

– Се започна како убивање на досада во слободното време, а потоа стана зависност. Кога губиш пари, сакаш тоа да го скриеш и од родителите и проблемот станува поголем.

– Суспензијата ми истекува на 19. мај и се надевам дека ќе добијам минутажа на дуелот со Монца седум дена подоцна. Се плашев дека Јувентус ќе ме откачи, но клубот остана зад мене, посебно им благодарам на Киеза, Гати и Влаховиќ кои ми се најголема поддршка во тешките моменти, – рекол Фаџоли.

Тој смета дека проблемот со обложување му влијаел негативно и за време на натпреварите.

– Дали обложувањето ми влијаеше на терен? Мислам дека е така, бидејќи тренирав напорно, но на натпреварите не го давав максимумот. Тоа ќе се промени кога ќе се вратам, – вели играчот за врска на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни