Поврзете се со нас

Италија

Фаџоли се исповеда: Загубив многу пари, коцкањето ми го уништи животот

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Николо Фаџоли се најавуваше како голем талент и требаше да биде предводник во средниот ред на Јувентус оваа сезона, но наместо тоа, младиот фудбалер мораше да одработи седуммесечна суспензија поради прекршување на строгото правило за обложување.

Властите го уловија Фаџоли како се коцкал на спортски натпревари и поради сериозниот прекршок мораше да одработи долга суспензија, но истовремено беше пратен и на психолошка рехабилитација за да си го реши проблемот кој може да му ја уништи кариерата.

Фаџоли се врати на крајот на сезоната и ги одигра последните два натпревари за Јуве, а сега како играч кој мина низ нависитна тежок период, реши да се исповеда во интервјуто за „Газета“.

– Коцкањето ми го потроши животот и загубив многу пари. Главен проблем беше тоа што не можев да се контролирам. Коцката ми одзема важен дел од животот, тоа ми се претвори во опсесија и вистински кошмар. Знам дека има многу луѓе на моја возраст кои се во подраматична ситуација и не барам никој да ме жали, но не сакам да глумам лицемер.

– Ми беше тешко, имав апсорбирана празнина и не сакав да погледнам никого во лице. Се започна како игра, но потоа почнав многу да се коцкам, иако тоа не беа натпревари на кој играв јас или мојот тим. Не сакав да ги прекршам принципите. Знам дека звучи смешно кога јас го кажувам овој збор, но за мене беше важно да не се обложувам на натпревари на кои играме јас и Јувентус. Јас немав влијание врз резултатите, само се обложував на тоа што мислев. Го правев тоа од досада, знам дека звучи чудно, но тоа е вистината. Многу познати лица се соочиле со исти работи и имале уште полоши мисли. Досадата ми го уништи животот, затоа добив адреналински набој за коцкање.

– Најголемата криза ја имав во јануари 2023-та година, тогаш целосно ја загубив контролата. Не играв добро на теренот, а бев уште полош на тренинг. Главата ми беше на друго место, сега ми се гади од животот што сум го живеел. Центарот на мојот живот беше коцкањето, а не фудбалот. Медимите не претставија мене и Тонали како демони и тоа ми падна тешко. Јас не наместив резултати и натпревари, направив грешки кои ми го уништија животот. Се коцкав на недозволени платформи и загубив многу пари, – вели Фаџоли кој сега верува дека е излезен од својата лоша завист.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни