Италија
Фаџоли се исповеда: Позајмував пари од моите соиграчи, менаџерите ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете!

Николо Фаџоли вчера ја дозна својата казна од спортскиот суд во Италија и доби забрана за играње фудбал во период од седум месец, сето тоа како резултат на големиот прекршок кој го направил во неколку наврати.
Со младата ѕвезда на Јувентус беше отворен скандалот со обложување на нелегални платформи, па иако медиумите прогнозираа дека може да добие казна и од три години, судот беше доста поблаг и го зема во предвид искрениот исказ на фудбалерот и неговото каење.
Покрај суспензијата, Фаџоли во наредниот период ќе мора да оди на сесии кои треба да му помогнат за неговата зависност од коцкање, која му донела огромни проблеми во изминатиот период.
Младиот 22-годишен фудбалер се отворил пред спортскиот судија и се исповедал за сите грешки кои ги направил, а италијанските медиуми сега ја пренесоа неговата изјава.
– Навечер не можев да спијам, како што одминуваше времето, долговите се повеќе ме опседнуваа. Моите долгови само растеа, а јас пробував да се извадам со коцкање. Ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете, дури и кога победував, знаев дека парите ќе ми одат само за враќање долгови. Имав долг од 250 илјади евра во септември 2022-ра година, а тогаш почнаа да пристигнуваат притисоците од менаџерите на нелегалните платформи. После тоа, почнав да се коцкам на се што ќе видам на телевизија, се обложував на секој натпревар, вклучувајќи и фудбал, не можам ниту да се сетам на колку натпревари се обложив и стигнав до долг од речиси 3 милиони евра.
– Позајмував пари и од моите соиграчи, Гати ми даде 40 илјади евра и се уште треба да му ги вратам. Му велев дека сметката ми е блокирана од мајка ми и дека сакам да си купам нов часовник. Му должам пари и на Драгушин од Џенова, и од него позајмив 40 илјади евра. Во оваа прилика, сакам да откријам дека никој не знаеше за мојот проблем, не се советував со никој во Јувентус, ми беше страв. Најлошиот момент го доживеав во април и мај оваа година. Почнав да плачам кога бев изваден од игра против Сасуоло, но тоа го направив поради моите долгови и проблемите со коцкање, – открива Фаџоли, кој сепак ниту еднаш не се обложил на меч на својот тим.
– Никогаш не се обложував на натпревари на Кремонезе и Јувентус, никогаш не уплатив на прекршоци и картони. Во Јувентус уште од најмала возраст не учат дека е строго забрането да има облози на натпревари кои ги игра првиот тим, – додал Николо.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг