Фабрегас за заминувањето од Арсенал: Не сакам да бидам арогантен, но само двајца соиграчи беа на мое ниво!

fabre-kragna

Сеск Фабрегас како капитен на Арсенал одлучи да го напушти „Емирејтс“ и да се врати во матичната Барселона во 2011-та година, а неполни девет години подоцна, шпанскиот играч за врска кој сега настапува за Монако го искористи слободното време за да одговори на прашања кои ги засегаат фановите на клубот од Северен Лондон.

Одговорајќи прашања на Инстаграм за „Арсеблог“, искусниот везен фудбалер беше брутално искрен за своите последни сезони кои ги мина во дресот на Арсенал, нагласувајќи дека многупати се чувствувал осамен во неуспесите, но истовремено додадвајќи дека само двајца соиграчи биле на негово ниво во тоа време.

– Јас бев капитенот и чувствував толку многу притисок на своите гради. Морав да бидам лидер на тимот од кои сите очекуваа многу, верувајте ми дека дадов се од себе. Доста често по поразите одев дома и плачев, многу патев, имав непроспиени ноќи. Кога губев натпревари бев уништен, а потоа ќе се качев во автобусот и слушав како помладите соиграчи се смеат, како планираат што ќе прават во текот на вечерта. Тоа траеше неколку години и беше тешко да се прифати. Да, ние игравме убав фудбал за око и уживав во тоа, но имав огромен притисок како лидер за неуспесите, правев многу работи сам и се почувстував осамен. Особено во последните две или три години, почувствува дека Робин Ван Перси и Самир Насри беа единствените двајца соиграчи кои ментално и технички беа на мое ниво. Не сакам да бидам арогантен, но во тоа време така се чувствував, – признава Фабрегас.

Facebook Коментари