Поврзете се со нас

Свет

Фабрегас за споредбите на Јамал со Меси: Ова е многу важно…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал е новиот бисер од школата на Барселона, тинејџер кој за кратко време се истакна, проби со своите издание и сега е стандарден, многу значен за клубот, но и за шпанската репрезентација.

Офанзивецот има само 17 години и секако допрва се очекува да созрее, да го исполни потенцијалот, да биде лидер и меѓу најдобрите во светот во наредните деценија, две како што тоа е случај со Лионел Меси. Многу често се прават споредби на Ламин со Меси, а Сеск Фабрегас кого многу добро го познава Аргентинецот со кого играше заедно во Ла Масија и потоа во првиот тим даде еден интересен одговор.

-Можам да разберам. Ама ми се допаѓа затоа што мислам дека секој играч е различен и сите ние имаме своја приказна. И сега Ламин треба да го следи својот пат и да создаде свој пат. Но, дефинитивно има знаци кои секогаш ве тераат да се вратите на она што беше Меси.

-Мислам дека тоа е сосема нормално, особено навивачите на Барселона кои доаѓаат од тежок период на години каде што имаше одредени тешкотии.

-Затоа мислам дека возбудата што Ламин ја носи на маса во денешно време е многу важна. Тоа е како Лео, знаете, во тешки моменти исчекори напред за тимот. И мислам дека со Јамал постои потенцијал да се направи многу, многу добро за многу години во Барселона, -истакна Фабрегас за „ЕСПН“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни