Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас за шансите за титула на Арсенал: Тие се тим…

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Арсенал го совлада Ливерпул (3-1) и со тоа апсолутно се врати во трката за титулата во Премиер лигата или пак во најмала рака разубеди дел од јавноста која некако се откажа од него по слабите резултати во месец декември.

Меѓутоа работите во фудбалот можат да се променат за кратко време, па „топчиите“ по неубедливите партии на крајот на минатата година, а потоа и елиминацијата од Ливерпул во ФА Купот, се вратија во ритам со три триумфи во сетија во шампионатот од кои оној против „црвените“ беше од огромно значање.

Сеск Фабрегас како поранешен играч на клубот од северен Лондон имаше можност да даде свој коментар и посочи колкави се шансите за пехар на истиот по оваа нова ситуација.

-Имаше ли сомнеж околу ова? Сè уште е рано, почетокот е февруари. Никој нема да исфрли Манчестер Сити, а Ливерпул гореше до сега. Арсенал е гладен, расте. Секогаш зборувавме овде во последните неколку недели дека ќе добијат можности да бидат таму.

-Тие се тим кој сега верува дека може да постигне големи работи, 100 проценти. Немаше сомнеж дека ова може да трае до крајот на сезоната, -порача Шпанецот.

Избраниците на Артета се на третото место на табелата со 49 бода, исто колку што има и вторпласираниот Сити, додека Ливерпул има 51 поен на лидерската позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни