Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас за првиот пораз на „непобедливиот“ Арсенал: Руни изглуми пенал, тоа што му го правеше Невил на Рејес беше…. (Видео)

Објавено

на

Арсенал постави нови стандарди во Премиер лигата во 2004-та година и испиша сезона која тешко дека ќе ја повтори еден тим, бидејќи составот предводен од Арсен Венгер ја заврши цела натпреварувачка кампања без пораз, доминантно освојувајќи ја титулата.

Низата без пораз продолжи и наредната сезона, се до гостувањето кај лутиот ривал на „Олд Трафорд“ каде Манчестер Јунајтед ја прекине нестварната серија од 49 натпревари без неуспех. „Топчиите“ потклекнаа во пеколната атмосфера на театарот на соништата и загубија со 2:0, а сега 16 години подоцна, интересен разговор на интернет токму за овој меч водеа Сеск Фабрегас и Рио Фердинанд.

Шпанецот призна дека на сите посебно тешко им паднал поразот од Јунајтед, но не пропушти да нагласи дека Руни изглумил за да добие пенал со кој Ван Нистелрој погоди за 1:0, а нагласи и дека Гери Невил цел натпревар не престанал да го удира сега трагично починатиот Хосе Антонио Рејес.

– Ние бевме толку разочарани после тој пораз. Бевме бесни и лути. Еднаш мораше да дојде крај на таа серија, стануваше збор за 49 натпревари без порази и тоа се случи на „Олд Трафорд“ против фантастичен тим на Јунајтед. Но, ние бевме бесни поради начинот на кој се случи тоа.

– Пред се, тоа што му го правеше Гери Невил на Антонио Рејес беше ужасно. Мајко мила… Секој пат кога ја имаше топката, тој одеше со сета сила на него. Исто така, Вејн Руни се фрли во празно и изглуми пенал против Сол Кембел. Факт беше дека загубивме од силен тим, но ние сметавме дека не заслуживме да го загубиме тој меч. Сите бевме многу, многу разочарани, – открива Фабре.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни