Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фабрегас за „пеколот“ кој го чека Арсенал: Добро знам што може да се случи на „Бернабеу“

Објавено

на

Реал Мадрид ги искористи сите можни алатки за да го направи гостувањето за Арсенал во шпанската престолниа уште понепријатно, започнувајќи со видеата кои ги искористи како промоција на реваншот, па се со изјавите на самите актери кои ќе бидат дел од вечерашниот натпревар.

Иако го одиграа најлошиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, „кралевите“ веруваат дека одново можат да е потпрат на моќта која ја има „Сантијаго Бернабеу“, па како што се ближи натпреварот, сите едногласно размислуваат на голем пресврт.

Актуелниот европски шампион ќе брка негатива од 3:0, па иако Арсенал влегува со прилично комотна предност, Сеск Фабрегас е свесен дека 90 минути можат да бидат навистина долги во домот на „кралевите“.

– Би сакал да кажам дека е готово, но Реал Мадрид е Реал Мадрид. Бидејќи имам играно многупати на тој стадион, можам од искуство да ви кажам дека се подготвени да направат се на „Бернабеу“.

– И покрај се, верувам дека Арсенал влегува со огромна предност на еден реванш натпревар во Лигата на шампионите и дека ќе профитира од тоа, – изјави Фабрегас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни