Поврзете се со нас

Шпанија

Фабрегас за двете млади ѕвезди кои Реал силно ги посакува: Едниот го „изедов“, за Мбапе нема дилеми дека…

Објавено

на

Сеск Фабрегас беше еден од свечените гости во онлајн емисијата која ја организираше „Естудио Естадио“ под покровителство на телевизјата „Теледепорте“, а од обраќањето кое го имаше во живо, актуелниот играч на Монако даде свои коментари за двајцата фудбалери од Франција кои во последно време се поврзуваат со Реал Мадрид.

Едуардо Камавинга со своите 17 години е вистинска сензација во фудбалска Франција и не е никаква тајна дека Реал Мадрид сериозно го следи неговиот прогрес, но иако Фабрегас го испофали суперталентираниот играч за врска, не заборави да сподели и една анегдота од последниот меч кој го имаше Монако со неговиот тим.

– Игравме против неговиот тим пред неколку месеци и победивме со 3:2. Имав навистина добар натпревар, ги „изедов“ сите на средината на теренот. По мечот, еден мој познат скаут ме праша за Камавинга и ми порача дека е многу добар. Бев искрен и му одговорив: Не ме интересира, денеска не можеше да дојде до израз, – порача Фабре кој сепак додаде.

– Има брутални предиспозиции за своја возраст, навистина е добар. Започна многу млад и навистина е силен, не изгледа како играч кој има 17 години и делува импресивно кога го гледате, – додаде Шпанецот.

Во продолжение, поранешниот играч на Арсенал и Барселона не пропушти да проговори и за Килијан Мбапе, ѕвездата на ПСЖ која и самата не крие дека сака еден ден да заигра за Реал.

– Мбапе е навистина амбициозен играч, сака да биде најдобар во светот. Со оглед на стилот на игра и начинот кој го применува истиот, ќе се вклопи многу добро во тим како Реал Мадрид. Во тоа нема дилеми, – заврши Сеск.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни