Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Сеск Фабрегас работи во Италиј како асистент во Комо и веќе можевме да видиме негови емотивни реакции како фудбалски стручњак, но иако во моментов е далеку од Премиер лигата, Шпанецот тврди дека се уште будно ги следи сите најважни натпревари во англиската елита.

Популарниот Фабре во шоуто на „Би-Би-Си“ за Премиер лигата реши да стави посебен акцент на еден млад фудбалер кој игра на негова позиција, а кој оваа сезона е вистинско откровение во првиот тим на Манчестер Јунајтед, но и воопшто во Англија.

Фабрегас е воодушевен од потенцијалот кој го поседува Коби Маино, па самиот вели дека оправдано се крена голема прашина околу неговото име и покрај тоа што игра само неколку месеци на највисоко ниво.

– Коби не е само игра за иднината, тој е играч и за сегашноста. Тој е играч кој Јунајтед мора да го заштити, мора да инвестираат околу него со минути, но и со квалитетни играчи околу него. Тој има неверојатен карактер за своја возраст, изгледа како играч кој цел живот играл фудбал.

– За да му помогнат во развојот, Јунајтед ќе мора да селектира добри играчи претстојново лето и така ќе стане уште побрилијантен. Колку подобри играчи има околу вас, толку подобро и побрзо ќе напредувате. Очекувам голем преоден рок за Јунајтед, но дефинитивно тимот треба да се гради околу Коби. Маино треба да биде клучен играч во проектот на Јунајтед, – вели Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни