Франција
Фабрегас става крај на епизодата во Монако, но не оди во пензија

Сеск Фабрегас Солер веќе неколку години не е во фокусот на вниманието на фудбалската јавност и тоа откако одлучи да замине во Франција во таборот на Монако.
Особено лоша за него беше актуелнава сезона во која повредите го уништија, па почна да се говори за негово заминување во пензија. Меѓутоа некогашниот ас на Арсенал, Барселона и Челси не планира да се повлече, односно бара проект во кој ќе може да покаже дека се уште може да му ја понуди својата магија на фудбалот.
-Помеѓу мене и Монако, приказната дефинитивно е завршена. Договорот ми истекува во јуни и сигурно нема да се трудам да го продолжам. Треба да бидам на друго место.
-Ова не само што беше најлошата година во мојата кариера, туку и во мојот живот. Кога не сум среќен на фудбалскиот терен, не сум среќен ниту приватно. Навистина имав многу проблеми оваа година, а тоа влијаеше и на моето ментално здравје. Имав неколку повици во последните недели од различни менаџери кои прашуваа дали сакам да работам како тренер. Но, оваа година беше толку лоша што едноставно не можам да ја завршам кариерата на овој начин, не откако успеав да изградам ваква кариера. Сакам да продолжам да играм. Не ми е важно каде. Сакам само да уживам и ќе дадам се од себе да најдам проект што ќе ме интересира, -заклучи Фабрегас.
-
Англијапред 15 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 12 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 10 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ