Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас се пронајде себе во ѕвезда на Арсенал и даде тип за шампионските амбиции на „топчиите“

Објавено

на

Сеск Фабрегас беше специјален гостин на „Би-Ти Спорт“ по повод големото дерби во Северен Лондон кое се одигра попладнево, а со кое стартуваше саботната програма во Премиер лигата.

Арсенал потврди дека е во импресивна форма и останува на врвот на табелата со победата од 3:1 над Тотенхем, која носи повеќе видови задоволство кај фановите од „Емирејтс“, вклучувајќи го и легендарниот Фабре.

Шпанецот верува дека Арсенал навистина може да се бори за титулата во Премиер лигата оваа сезона доколку успее добро да ги амортизира натпреварите во Лига Европа, но даде интересна изјава и со споредбата која ја направи меѓу себе и актуелниот капитен на Арсенал.

– Навистина многу ми се допаѓа стилот на Одегард. Ја сакам неговата интелигенција, начинот на кој се движи и на кој пронаоѓа простор на теренот. Многу е незгоден и секогаш има добро око за завршен пас и добра топка. Презема голема одговорност уште од најмали нозе. Дебитираше за Норвешка на 15 години, капитен е на својата селекција, а сега е капитен и на Арсенал. Многу сум среќен за него, бидејќи ме потсетува на мене од времето кога ја преземав капитенската лента на 21 година, – вели Фабрегас и додава.

– За Арсенал ќе биде тешко да издржи до крајот, но верувам дека ќе успее да се бори за титулата. Едно прашање кое го поставувам е следното. Играњето во Лига Европа може да биде проблем и незгодно. Се игра секој четврток, а после долги патувања, треба веднаш да играте во Премиер лигата. Тоа не е лесно и ќе видиме како Артета ќе се справи со оваа ситуација. Во овој момент, тимот е во добра позиција и изгледа како екипа која може да се бори за титулата, – додава Фабре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни