Фабрегас се потсети на еден незаборавен момент од пред 11 години, Икер го истрола за сите пари (Видео)

iker-fabre

Сеск Фабрегас денеска сам го одбележа незаборавниот момент кој ја одбележа неговата кариера, односно пеналот со кој и донесе победа на Шпанија во исцрпувачкото четвртфинале со Италија во четвртфиналето на Европското првенство во 2008-ма година.

„Фуријата“ се покажа како подобра во пенал рулетот кој според многумина ја промени историјата на шпанскиот фудбал, бидејќи во продолжение, Шпанија славеше во полуфиналето, а потоа и во финалето во кое ја совлада Германија со 1:0. Во споменатиот пенал рулет херои беа Касилјас кој одбрани два удари и Фабрегас кој ја имаше одговорноста да го затвори мечот, а бидејќи Фабре денеска ја одбележа 11-годишнината од овој момент, Икер не чекаше многу за да му фати сеир на социјалните мрежи.

– Бев еден од малкуте кои веруваа во тебе! Одиш да го изведеш пеналот со повеќе страв од Спајдермен во поле!, – му порача Икер.

Facebook Коментари