Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!

Објавено

на

Арсенал беше тимот кој требаше да се победи во 2004-та година и „топчиите“ од Арсен Венгер испишаа фудбалска историја која тешко дека некој ќе ја повтори, бидејќи неговите избраници беа непобедливи во Премиер лигата цели 49 натпревари.

Оваа неверојатна серија ја прекина лутиот ривал Манчестер Јунајтед со победа на „Олд Трафорд“ од 2:0, натпревар по кој настана вистински хаос во подтрибинскиот простор, каде големата мешаница и тепачка резултираше и со фрлање на храна.

Сеск Фабрегас беше неискористена замена на тој меч и заминал порано во соблекуваланта за да јаде пица, па кога настанал хаосот, излегол од соблекувалната и го погодил Фергусон со парче пица во глава.

– Бевме непобедливи на 49 натпревари, но Јунајтед имаше голем натпреварувачки дух и беа паметни играчи. Се сеќавам дека на тој меч не добив шанса и бев многу фрустриран. Се загревав, но не играв и бев разочаран што загубивме. Заминав брзо во соблекувалната и тргнав да јадам бидејќи бев прегладнет. Почнав со парче пица, а потоа слушнав гласови од тунелот.

– Видов многу играчи насекаде, меѓу нив беше и Арсен Венгер. Првата работа која ми падна на памет е да фрлам пица, бидејќи немав сила и храброст да влезам во таа тепачка, ми беше страв. Сите играчи беа чудовишта, големи момци. За жал, парчето заврши во Фергусон, – открива Фабрегас за „Ај-Ти-Ви“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни