Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас препорача само едно топ засилување за Арсенал: Така ќе бидат уште поблиску до титулата во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Арсенал втора година по ред остана на дофат на титулата и мораше да се задоволи со второто освоено место, со тоа што овојпат драмата траеше до последното коло во Премиер лигата.

Тимот на Микел Артета повторно остана покус во обидот да го детронизира Манчестер Сити, па иако кај многумина разочарување е присутни, воглавно легендите на клубот сметаат дека тимот е на вистинскит пат.

Артета по загубената битка посочи дека Арсенал ќе ја освои титулата во домашното првество во скоро време, а Сеск Фабрегас смета дека тоа ќе биде оставрено полесно ако биде купен напаѓач од светска класа.

– Кога ги гледав двата натпревари истовременово неделата, брзо сфаќате дека Манчесте Сити има два тима со кои може да ја освои Премиер лигата. Арсенал нема таков луксуз на клупата и потребна е поголема ширина за да продолжат да притискаат. Ќе биде многу полесно ако тимот не се потпира само на Сака, Рајс, или Салиба.

– Хаверц направи одлична работа оваа сезона, но сепак позицијата на која игра, не е негова природна. Според мене, Арсенал ќе биде уште поблиску до титулата као купи топ напаѓач кој ќе гарантира 30 голови по сезона. Сега беа блиску, но со таков напаѓач ќе бидат уште поблиску, – потенцира Сеск во интервјуто за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни