Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас пред клучното дерби за титулата: Да видиме дали еднаш Тотенхем……

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Сите навивачи на Арсенал чекаат услуга од својот најлут градски ривал Тотенхем, бидејќи „петлите“ се оние кои вечерва го пречекуваат актуелниот првак Манчестер Сити на домашен терен.

Битката за трофејот во Премиер лигата сигурно ќе биде активна во последното коло, но Арсенал ќе влезе како фаворит за пехарот само ако Тотенхем денеска победи или одигра нерешено против тимот на Пеп Гвардиола.

Сити претрпе четири порази на претходните четири гостувања кај Тотенхем во Премиер лигата, а доколку се случи такво нешто и вечерва, Арсенал ќе има бод предност и се во свои раце за да стави крај на постот кој трае точно две децении.

Голем дел од фановите на Арсенал не веруваат во сценарио во кое би добиле помош од Тотенхем, но за разлика од Месут Озил кој јавно почна да ги храбри спарси, Сеск Фабрегас не се осмели да ја изговори познатата навивачка фраза на ривалите.

– Вечерашниот меч е од огромна важност за титулата. Да видиме дали еднаш Тотенхем ќе му направи услуга на Арсенал. Дури и реми ќе биде фантастичен резултат за Арсенал.

– Позитивен сум околу шансите кои ги има Арсенал за титула, но се ќе зависи од мечот вечерва. Нема да кажам „напред Спарси“, но ќе навивам за нив во текот на овие 90 минути, – изјави Фабрегас за „Си-Би-Ес“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни