Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас откри колку е скромен Канте: Му го удриле автомобилот, а тој се фотографирал со нив (Фото)

Објавено

на

Поранешниот соиграч на Енголо Канте од редовите на Челси, Цеск Фабрегас откри една интересна сторија поврзана со фудбалерот на „сините“ и француски репрезентативец.

Колку смирен и скромен тип е Канте покажува и сторијата која Фабрегас ја сподели на јавноста, а во која главен протагонист бил токму фудбалерот кој е омилен на многу фудбалски вљубеници.

Канте, кој не се делел од своето возило, Мини Морис кое според медиумите го купил „на старо“, покажал голема смиреност кога направил мал сообраќаен инцидент во кој неговиот автомобил бил оштетен.

Мини Морисот на Канте бил оштетен кај браникот и ретровизорот, а кога луѓето кои просведочиле на инцидентот виделе кој стои зад воланот, веднаш побарале да се фотографираат со фудбалерот.

– Сите знаат колку добар човек е. Еднаш требаше да се сретнеме утрото затоа што игравме вечерта, а сите се прашуваа каде е Енголо откако веќе ни почна средбата, а тој секогаш беше точен. Кога пристигна, сите се задевавме со него аплаудирајќи му, а Рудигер го праша каде бил.

– Тој ни кажа дека имал несреќа со автомобилот и дека на луѓето околу не им се верувало дека тоа бил тој и побарале да се фотографираат со него, а тој сакал да биде љубезен. Неговиот автомобил беше оштетен, а неговиот ретровизор беше излепен, но тој застана да се фотографира и со фановите пред тренинг центарот, иако веќе доцнеше на средбата, -напиша Фабрегас во колумната за „Дејли Мирор“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни