Поврзете се со нас

Италија

Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!

Објавено

на

Foto:x.com/Como_1907

Сеск Фабрегас го намали притисокот врз својата работа со двете последователни победи кои ги оствари во Серија А, но вечерва неговиот Комо немаше сили за трет триумф во низа.

Тимот на шпанскиот стручњак оствари важни победи над Аталанта и Верона и со голема самодоверба допатува под Везув, меѓутоа тимот на Антонио Конте се покажа како преголем залак за оној на Фабре.

Наполи славеше со 3:1 и се зацврсти на првото место во Серија А, а иако заслужни за постигнатите голови беа МекТоминеј, Лукаку и Нерез, Фабрегас посебно го истакна Станислав Лоботка.

Играчот кој беше на големо фален од Чави Ернандес очигледно со исти очи го гледа и Фабре, кој по поразот од 3:1 не штедел комплименти за искусниот Словак.

– Мама миа, каков фудбалер е Лоботка…….. Тој е извонреден и неверојатен, дури и решив да разговарам со него по крајот на мечот. Би можел да составам тим од 11 играчи како Лоботка. Мојот план за овој меч беше да го контролираме него со дефанзивен пристап, па затоа решив Нико Паз да игра фластер на него. И покрај тоа, тој покажа за каков фудбалер станува збор. Премногу е паметен и ако Наполи го освои Скудетото, тоа најверојатно ќе биде поради него, – изјавил воодушевениот Фабре.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни