Поврзете се со нас

Италија

Фабрегас и Анри сакаат да го донесат Хумелс во новиот италијански прволигаш

Објавено

на

Многу познати имиња се дел од новиот италијански прволигаш Комо, тим кој по подолга пауза одново ќе биде дел од италијанската фудбалска елита.

Се работи за амбициозен клуб во кој во различни улоги се фудбалски имиња како Сеск Фабрегас, Тјери Анри, Денис Вајс…а токму тие имаат една интересна идеја за засилување.

Имено Комо сака да го привлече искусниот стопер Матс Хумелс кој ќе биде слободен играч по крајот на месецов или по истекот на актуелниот договор со Борусија Дортмунд.

Тој сака да продолжи да игра во Европа, има интерес од повеќе тимови, а еден од нив е Комо кој му нуди 3 милиони евра по сезона, плус бонуси. Должината на договорот не е позната, меѓутоа опцијата е интересна за Матс кој сега треба да донесе одлука.

Стоперот целата своја досегашна кариера ја мина во Германија во Дортмунд и Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни