Поврзете се со нас

Свет

Фабрегас го состави идеалниот фудбалер: Треба да го има квалитетот на Меси, брзината на…

Објавено

на

Искусниот шпански интернационалец, Сеск Фабрегас кој низ својата кариера има поминато низ многу предизвици, освоено многу титули, но и соработувано со многу играчи го состави својот идеален фудбалер, поточно што истиот треба да поседува.

Фабре низ кариерата имаше можност да ја дели соблекувалната со супер квалитетни асови, па токму од нив направи играч кој според него ќе биде незапирлив.

-Од играчите со кои играв? Не треба многу да бирам, ќе го изберам Меси и ете имате перфектен фудбалер. Не треба да одам толку далеку. Би ја имал брзината на Тјери Анри, квалитетот и интелигенцијата на Меси, срцето на Карлес Пујол или Џон н Тери. Последниот пас, мислам дека нема да го сменам тоа за никого, ќе биде искрен и ќе останам со мене.

-Ова е играч кој би ми бил пример. Сакам да ги гледам најдобрите, секогаш бев благодарен на Бог  штоми даде можност да играм со најдобрите многу години, -порача актуелниот член на Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни