Фабрегас го претрка Челси и го потврди заминувањето на Конте

konte-faten

Антониот Конте и дефинитивно заминува од Челси, со што раководството на премиерлигашот ќе ја оствари желбата менаџерската функција да му ја отстапи на неговиот сонародник Маурицио Сари.

Англиските медиуми веќе најавија дека е извесно оти клубот наскоро ќе ја соопшти разделбата со Конте, но додека Челси тактизираше, преку социјалните мрежи работата ја заврши Сеск Фабрегас.

Шпанецот му се заблагодари на Конте за успешната соработка и му посака среќа во натамошната кариера, па кажа сосема доволно за веќе да нема дилеми околу ова прашање.

Facebook Коментари