Италија
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)

Комо загуби уште еден меч на кој прв постигна гол или овојпат во случајов му дозволи на Милан да направи пресврт и слави со 2-1 на „Сан Сиро“.
Гостите се бореа до самиот крај барем да останат непоразени, меѓутоа не успеаа во таа нивна намера. Тие воедно го завршија натпреварот со десетмина на теренот откако Деле Али не издржа ниту десет минути на теренот на дебито во Калчото, поточно заработи директен црвен картон по стартот врз Лофтус Чик.
Тренерот Сеск Фабрегас беше разочаран од потегот на Англичанецот затоа што смета дека игра од негов калибар со такво искуство не треба и не смее да си дозволи таков потег.
-Тоа беше во тој момент кога Милан дојде до 2-1 и Серхи Роберто требаше да влезе во игра, но сакав да му дадам уште две недели да тренира за да може да биде подготвен да започне против Емполи.
-Деле Али е играч кој може да постигнува голови, тој можеби не ја заслужи оваа можност бидејќи работи со нас само две недели и треба многу да се подобри. Ова е тешка грешка која не треба да ја видиме од играч со неговото искуство. Тоа беше чист црвен картон, нема што да се каже за тоа, го остави тимот на 10 играчи во клучниот момент кога притискавме за 2-2. Тоа е најнегативното нешто за оваа вечер, но ние продолжуваме понатаму, -порача Шпанецот за „ДАЗН“.
-
Италија18 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија14 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија19 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија20 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија16 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија18 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал
-
Шпанија14 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија17 часа
Тренерот на Мајорка му се поклони на еден играч на Барса: Се молев да застане…..