Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас го издвои најдобриот финишер со кој играл во кариерата и изненади со својот избор

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Сеск Фабрегас имаше богата играчка кариера пред да се префрли во тренерските води, бидејќи шпанскиот играч за врска имаше можност да претставува неколку големи европски клубови.

Фудбалскиот продукт на „Ла Масија“ кариерата ја почна во Барселона, но најѕвездените моменти ги доживеа во Арсенал, пред да се врати на „Камп Ноу“, а потоа и да ги брани боите на Челси.

Фабрегас во овој споменат период имаше можност да соработува со многу врвни напаѓачи како Тјери Анри, Давид Вилја, Диего Коста и Фернандо Торес, но кога доби за задача да го избере најдобриот финишер, тој изненадувачки го избра Робин Ван Перси.

– Имав среќа да играм со многу добри играчи пред противничкиот гол. Но, ако треба да изберам само еден од кој бев најпријатно изненаден, ќе кажам Робин Ван Перси.

– Робин беше хируршки прецизен пред противничкиото гол, неговата целосна игра беше фантастична, а пред голот секогаш смислуваше нешто специјално. Кога бевме млади, тој со часови тренираше на својата завршница после тренинг сесиите, – откри Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни