Англија
Фабрегас го истипува со точен резултат големото премиерлигашко дерби меѓу Сити и Арсенал
Сеск Фабрегас има доста маки на стартот на сезоната со својот тим и развојот на настаните во Серија А, но тренерот на Комо и од далечина успева да биде активен за англиската јавност преку подкастот на Премиер лигата.
Легендарниот играч за врска на Арсенал беше исконтактиран за да направи мала најава за големото дерби кое следи претстојниот викенд, односно пресметката меѓу двата најдобри тима во Англија во последните години.
Арсенал како гостин ќе се обиде да го победи Манчестер Сити и да испрати јасен сигнал за титулата уште на стартот на сезоната, па иако дел од тимот нема да биде капитенот Мартин Одегард, Фабре типува за победа на „топчиите“ со резултат 2:1.
– Ќе одам со точен резултат, 2:1 за Арсенал…….. Очекувам да има голови, прилично сум убеден дека сега ќе има голови, – вели Фабрегас, алудирајќи на последното дерби меѓу двата тима кое заврши со резултат 0:0.
– Двата тима ќе влезат без многу калкулации, ова е рана фаза од сезоната и овој меч нема да има големо влијание врз играчите. Секогаш е 50-50 во вакви натпревари, веќе си ги познаваат силните и слабите страни. Ако овој меч се играше во март, тогаш ќе беше сосема друга работа, но сега очекувам голови. Едвај чекам да го гледам дербито, – вели Фабре.
-
Свет8 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет15 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации17 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Шпанија16 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ за Синер: Една работа ме потсетува на мене…