Италија
Фабрегас ги собра играчите во круг по незаслужениот пораз од Аталанта и режираше сцена за паметење (Видео)

Сеск Фабрегас ја почна својата авантура како тренер во Комо уште во Серија Б, но откако го однесе тимот во италијанската елита, имаше многу непознати околу тоа како ќе се снајде во најсилното друштво.
Првиот дел од сезоната ни покажа дека Шпанецот е доволно свесен за тешката работа која ја има во Комо во својата премиера во Серија А, но значително подобрите изданија во последно време беа надополнети со блескава фудбалска претстава против Аталанта.
Иако Комо на крајот загуби со 1:2, генералниот впечаток беше дека Комо беше далеку подобар тим на теренот, па поради тоа, Фабре стана вирален хит со говорот кој го имаше откако ги собра играчите во круг по крајот на мечот.
– Станав тренер поради моменти како овие. Горд сум на сите вас, ви благодарам за понуденото, ова е мојот тим.
– Ги изедовме, ги изедовме…… Продолжете да играте вака, бидејќи ова е само почеток. Сакам да гледам ваква глад за победа цела сезона. Кренете ги главите и да одиме да ги поздравиме фановите, – гласи пораката на Фабрегас.
Pragmatic Fàbregas is the truth. pic.twitter.com/wwQZLBrUN2
— Daniel (@danieIscouting) January 25, 2025
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…