Поврзете се со нас

Шпанија

Фабрегас: Азар изгледа расеано во Реал, но…

Објавено

на

Еден Азар минатото лето за сума од 100 милиони евра од Челси премина во Реал Мадрид и на тој начин конечно го оствари својот сон да го облече дресот на „кралевите“.

Меѓутоа оваа прва сезона за Белгиецот во новата средина е далеку под очекувањата, неколкупати се повредуваше и едноставно немаше влијание во играта на Реал, па затоа и доби критики на негова адреса. Сепак неговиот поранешен соиграч од Челси, Сеск Фабрегас верува дека се ќе си дојде на свое место и Еден во Мадрид ќе ја потврди својата класа во иднина.

-Тој одигра неколку добри натпревари за Реал, ама вистина е дека понекогаш изгледаше малку расеано. Тој секогаш бил играч кој имал потешкотии да ги започне сезоните. Но, јас му предвидувам одлична иднина, -порача Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни