Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас: Арсенал секогаш ќе биде број еден во моето срце

Објавено

на

Сеск Фабрегас во својата кариера имаше можност да игра за два големи англиски клубови Арсенал и Челси. Во првиот мина подолг временски период, ама не успеа да освои лигашки трофеј, ситуација која се промени како член на сините каде два пати се радуваше за пехарот во Премиер лигата.

Ама без разлика на ова за Шпанецот првите или поточно „топчиите“ секогаш ќе бидат пред „сините“ во неговото срце.

-Кога ќе помислам на тебе, ти си во црвениот дрес. Знам дека луѓето ќе речат дека ја освоив лигата и стана легенда во Челси, но ти си човек на Арсенал, -истакна Тјери Анри на што Фабрегас возврати:

-Јас сум и тоа ќе биде дел од мене до крајот на животот. Никогаш не би помислил дека ќе имам мешани чувства меѓу овие две екипи, но одите таму и запознавате луѓе, освојувате титули, станувате важни и освојувате титули. Вие завршивте да имате толку многу љубов кон клубот.

-Ама во право си. Вие не заборавате од каде потекнувате и јас дојдов од академијата за Барселона и никогаш тоа нема да го заборавам, но да успее на најголемо ниво беше во Арсенал и тоа не го заборавам. Имав толку среќа да влезам во тој момент, да те видам тебе, Ешли (Кол), Роберт (Пирес), Патрик (Виера), Сол (Кембел).

-Управата во клубот ми даде толку многу лидерство и сè што ми требаше за да бидам врвен играч. Никогаш нема да одречам дека секогаш ќе бидам човек на Арсенал во моето срце.

-Фудбалот има толку многу пресврти, но никогаш нема да ја заборавам врската со навивачите и имав толку голема љубов во Арсенал и Челси. Никој не може да ме чуе да кажам нешто лошо за Арсенал дури и кога отидов во Челси и таму победив и ја освоив лигата, -рече Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни