Поврзете се со нас

Англија

Фабињо за Митровиќ: Тој е „убиец“

Објавено

на

Александар Митровиќ и во оваа сезона игра во извонредна форма како на клупски план во Фулам така и во репрезентацијата на Србија.

Тој редовно ги тресе противничките мрежи и со тоа си ја крева цената, потврдува дека е класа и тоа многу добро го знаат неговите колеги, па така членот на Ливерпул, Фабињо за српскиот голгетер истакна:

-Митровиќ минува низ одлични моменти. Минатата сезона во Фулам постигна повеќе од 40 гола. Одлично го започна првенството, постигна гол и притв нас. Тој е многу искусен, достигна одредена возраст која со себе носи одговорност. Неговите три гола против Шведска покажуваат дека е во добар момент. Тој е „убиец“, сака да постигнува голови, -вели Фабињо кој со Митрогол веќе имаше соочување во Премиер лигата (му даде два гола на Ливерпул), а ќе има и на репрезентативно ниво со оглед на тоа што Србија е во група со Бразил на Светското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни