Поврзете се со нас

Англија

ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити беше видно оштетен во самата завршница од големото дерби со Тотенхем, па иако играчите на Пеп Гвардиола со право негодуваа, жестоките реакции по се изгледа ќе донесат само казна за англискиот шампион.

Ерлинг Халанд беше најжесток во протестите кон судијата Сајмон Хупер, а причина за тоа беше фактот што главниот арбитар покажа катастрофален преглед за игра и стопираше акција во која Грилиш се најде во стопроцентна шанса.

Иако прво сигнализираше дека допушта предност, Хупер потоа свирна и досуди фаул за Сити, па иако играчите на домашниот тим со право протестираа, од тоа нема да добијат ништо.

За разлика од некои други клубови оваа сезона, Манчестер Сити не доби ниту извинување од судиската асоцијација на професионални судии, но затоа ФА најави дека е отворена истрага против „граѓаните“ за недолично однесување кон судијата.

Во соопштението се вели дека играчите на Сити имале неприфатлив однос кон делителот на правдата, па клубот ќе треба да даде одговор најдоцна до четврток за постапките на своите членови од првиот тим.

Многу веројатно е дека Сити ќе заработи парична казна, но од друга страна, добра вест е тоа што не е покрената индивидуална истрага против Халанд на кого му се закануваше суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни