Поврзете се со нас

Англија

ФА отвори случај: Играч на Тотенхем може да добие драконска казна поради расна навреда кон Сон

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Родриго Бентанкур беше доста невнимателен во текот на летотото и даде еден непристоен коментар за Хеунг Мин Сон, а цели три месеци подоцна, Фудбалсата Асоцијација во Англија отвори случајот против Уругваецот.

Играчот за врска даде навистина лош коментар за Кореецот и истиот беше прифатен како директна навреда на расна и верска основа, па иако Сон го прифати извинувањето и порача дека станувало збор само за шега, Бентанкур може да се најде во навистина непријатна ситуација.

Отворената истрага од ФА значи дека Родриго може да добие драконска казна од дури 12 меча, а за да избегне такво сценарио, ќе мора да подготви добра одбрана во наредните 7 дена.

Како што јавува ФА, Бентанкур ќе треба да даде образложение за својата некоректна изјава и да даде објаснување најдоцна до наредниот четврток, по што ќе се донесе конечна одлука за неговиот случај.

Бентанкур ја даде изјавата на средина на месец јуни во својата родна земја при гостување во уругвајско ТВ шоу, каде всушност имал бизарна реплика на барање од водителот:

– Да ти дадам дрес од Сон?

– Може да биде дрес и на некој негов роднина, бидејќи сите изгледаат исто, – изјави тогаш Бентанкур.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни