Поврзете се со нас

Англија

ФА отвори истрага, но го помилува Зиркзе за вулгарната прослава на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се спаси од голем срам на „Олд Трафорд“ и правеше пресврт во завршницата за да победи против „фенерџијата“ Саутемптон, натпревар кој на крајот целосно мина во знакот на Амад Диало.

Најразиграниот играч во тимот на Рубен Аморим постигна три гола за победа од 3:1 на фаворитот, но откако го постигна оној клучниот за водство од 2:1, еден негов соиграч се најде во центарот на вниманието поради еурофичната прослава.

Џошуа Зиркзе во моменти на голема еуфорија ја „загуби главата“ и почна да ја покажува својата гордост по вториот гол на Амад, а бидејќи за вакви потези се добиваат казни од дисциплинците, сосема нормално беше што ФА отвори истрага против Холанѓанецот.

Фудбалската асоцијација отвори случај веднаш по крајот на натпреварот, но веќе денеска објави дека напаѓачот на Јунајтед е помилуван од казна, иако е предупреден дека во иднина не смее да повтори такво нешто.

– После направената истрага, го известивме Зиркзе дека треба да биде поодговорен и да внимава на своите потези. Случајот е архивиран, но во иднина нема да се толерира вакво нешто, – гласи објавата на ФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни