Англија
ФА Куп: Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, Сити го доби „убиецот“ на фаворити

Иако се уште не е комплетирана 4. рунда веќе се познати паровите за осминафиналето во англискиот ФА Куп.
Бранителот на титулата Манчестер Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, па против Фулам ќе посакува сценарио како во претходните две кола во кои ги елиминираше Арсенал и Лестер.
Добра вест за избраниците на Аморим е што против Фулам ќе играат на домашен терен на „Олд Трафорд“.
„Убиецот“ на фаворити, составот на Плимут кој им зема мерки на Ливерпул и Брентфорд без притоа да прими гол (победи од 1-0) оди на мегдан со Манчестер Сити и тоа на „Итихад“.
Битка на елитните клубови во Англија ќе ни понудат и Њукасл-Брајтон и Борнмут-Вулверхемптон, а ждребот е отворен за уште еден таков меч ако Нотингем Форест го добие Ексетер што ќе го однесе на Ипсвич.
Средбите од оваа рунда ќе се играат на 1 и 2 март.
The draw for the fifth round of the FA Cup has been made… ⚽️🏆
What's the stand out tie here? 🤔 pic.twitter.com/oc7zI2T7R5
— Match of the Day (@BBCMOTD) February 10, 2025
-
Свет19 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)