Англија
ФА ќе истражува дали Тонали се обложувал и по преселбата во Англија

Нема крај за проблемите на Сандро Тонали, кој е суспендиран поради нелегално обложување, а во меѓувреме ќе мора да исчекува резултати и од новата истрага.
Англиската фудбалска асоцијација реши да утврдува дали Италијанецот продолжил со нелегално обложување на фудбалски натпревари и по пристигнувањето во Њукасл, нешто што може да му донесе дополнителна казна од ФА.
Тонали веќе постигна договор со обвинителите во Италија за 10-месечна суспензија и истата важи глобално со асистенција на ФИФА, па ќе пропушти навистина голем период во екипата која плати сериозна сума за неговите услуги.
Њукасл веќе потврди дека клубот немал никаква информација за нелегалните активности на Тонали, односно дека раководството не може да знае дали и Милан не бил информиран за овој спорен момент, кој донесе суспензија за италијанскиот репрезентативец.
ФА е посебно строга во однос на забраните за обложување, а неодамна го казни англискиот репрезентативец Ајван Тони со суспензија на осум месеци.
-
Англијапред 23 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 16 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 23 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
НБАпред 24 часа
Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи