Поврзете се со нас

Англија

ФА го обвини Пакета за прекршување на правилата, Бразилецот порача: Ќе се борам…

Објавено

на

foto: x.com/SofascoreBR

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денеска официјално го обвини членот на Вест Хем, Лукас Пакета за прекршување на правилата за обложување.

ФА смета дека бразилскиот репрезентативец намерно заработувал жолти картони, поточно тој е обвинет дека го направил тоа на дуелите со Лестер, Астон Вила, Лидс и Борнмут.

Пакета долго време соработуваше и е шокиран поради оваа акција на ФА и се огласи на социјалните мрежи каде порача дека додека дише ќе се бори за да го исчисти своето име.

-Исклучително сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини. Девет месеци соработував на секој чекор од нивната истрага и ги давав сите информации што можам.

-Во целост ги отфрлам обвиненијата и ќе се борам со секој здив да го расчистам моето име. Поради тековниот процес, нема да давам дополнителни коментари, -порача ѕвездата на „чеканите“.

Бразилецот до 3 јуни треба да одговори на овие обвинувања, а ако не докаже дека е невин сигурно ќе заработи драстична казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни