Поврзете се со нас

Формула 1

Ф1 квалификации: Ботас побрз од Хамилтон, блесок на резервистот Хулкенберг

Објавено

на

Валтери Ботас успеа да извози најбрзо време во квалификациите на патеката Силверстоун и со својот последен летечки круг, го потисна клупскиот колега Луис Хамилтон на второто место.

Доминацијата на Мерцедес во битката за пол-позицијата не е изненадување, па Ботас и Хамилтон утре повторно ќе бидат во првиот ред, додека Нико Хулкенберг извади максимум од болидот на Рејсинг Поинт, освојувајќи го третото место во квалификациите.

Хулкенберг не можеше да стартува на претходната трка поради проблеми со болидот, но сега ќе биде во уште поповолна позиција да се бори за највисок пласман, заменувајќи го Серхио Перез кој закачи коронавирус.

Себастијан Фетел повторно е најголемо разочарување, откако не влезе во последната рунда квалификации и ќе стартува од 12. место, додека Шарл Леклер го освои само 8. место во овие квалификации.

Топ 10 квалификации Силверстоун:
1. Валтери Ботас
2. Луис Хамилтон
3. Нико Хулкенберг
4. Макс Ферстапен
5. Даниел Рикиардо
6. Ленс Строл
7. Пјер Гасли
8. Шарл Леклер
9. Алекс Албон
10. Ландо Норис

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни