Поврзете се со нас

Формула 1

Ф1 тимот Вилијамс доби нов сопственик, засега го задржува името

Објавено

на

Финансиските проблеми на легендарниот Формула 1 тим ја примораа фамилијата Вилијамс да го продаде на американската компанија Дорилтон Капитал.

Денеска и официјално е соопштено дека Бордот предводен од Френк Вилијамс се согласил на продажбата која барем засега нема да значи и промена на името на тимот, а Дорилтон Капитал најави дека ќе биде задржана и актуелната централа на Вилијамс.

– Ова можеби е крај на тимот како сопственост на фамилијата Вилијамс, но барем знаеме дека е во сигурни раце, – изјавила Клер, ќерката на Френк Вилијамс, која изминатиов период беше и прв оперативец на Ф1 тимот.

Вилијамс има девет конструкторски и седум возачки титули во Ф1, но неговите болиди немаат триумф на трка уште од 2012 година, а титула последен пат беше освоена во 1997 година со Жак Вилнев.

Со овој трансфер на сопственоста, Вилијамс станува втор Ф1 тим со американски сопственици, откако тоа од претходно е реалност и со Хас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни