Поврзете се со нас

Формула 1

Ф1 калкулации: Кои се математиките во дуелот за шампионската титула?

Објавено

на

Двајцата претенденти за шампионската титула во Светското првенство на Формула 1, предизвикувачот Макс Ферстапен и актуелниот првак Луис Хамилтон, влегуваат во последната рунда со ист број на поени.

Обајцата имаат по 369,5 бодови и светската јавност е поделена дали некој навистина покажал нешто повеќе, со што би ја заслужил шампионската круна. Без да навлегуваме во расправата на таа тема, „ДЕРБИ“ ви ги нуди на увид сценаријата кој ќе биде прогласен за светски првак во различни ситуации.

За да биде шампион, Макс Ферстапен има неколку можности:

– да остане нерешено, а притоа и двајцата да не ја завршат трката во случај на можен меѓусебе судир, плус никој од нив да не освои бод за најбрз круг во трката. Ферстапен ќе стане шампион врз основа на правилото дека има поголем број победи во текот на сезоната.

– да остане нерешено, во случај Хамилтон да е пласиран на позиција што носи +1 поен повеќе од онаа на Ферстапен, но Холанѓанецот да го извози најбрзиот круг и да освои поен (тоа е возможно во два наврати: (1) ако се во прашање деветта и десетта позиција и (2) ако Луис финишира десетти, а Макс освои поен за најбрз круг. Истото важи и во обратна ситуација, ако (1) Макс е деветти, а Луис е десетти, но има најбрз круг, како и (2) ако Холанѓанецот е десетти, а возачот на Мерцедес има поен за најбрзиот круг. Ферстапен ќе стане шампион врз основа на правилото дека има поголем број победи во текот на сезоната.

– да освои позиција што носи повеќе бодови од онаа на Луис Хамилтон во Абу Даби

– да извози најбрз круг и да освои еден поен доколку Британецот не е во „топ 10“.

Од друга страна, Хамилтон нема ситуација во која нерешениот исход му одговара. Тој мора да има пласман на позиција која му носи барем два повеќе поени од возачот на Ред Бул, а ако таа разлика е еден поен во трка, тогаш Макс да не биде со најбрз круг. Разгрането тоа изгледа вака:

– Хамилтон е пласиран на 8 место (или погоре), а Ферстапен е зад него.

– Хамилтон е пласиран на 9 место, а Ферстапен е на десетто, но нема најбрз круг.

– Хамилтон е пласиран на 10 место, а Ферстапен е надвор од „топ 10“ и нема бод за најбрз круг.

– Хамилтон освои поен за најбрз круг, а Ферстапен нема освоено бодови.

Конечниот расплет ќе биде познат по трката за Големата награда на Абу Даби која е закажана на 12 декември со почеток во 14 часот по средноевропско време, додека локално стартот е во 17 часот и трката ќе се одвива при зајдисонце на патеката „Јас Марина“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни