Поврзете се со нас

Формула 1

Ф1 го остава Ферстапен без омилената трка во календарот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Max33Verstappen

Формула 1 денеска информираше дека водечките луѓе успеале да постигнат нов договор за продолжување на соработката на холандското гран-при, но истовремено ја извести јавноста дека трката во Зандворт ќе има свое последно издание во 2026-та година.

Актуелниот договор истекуваше во 2025-та година, но истиот е продолжен за уште едно издание во 2026-та година, кое всушност ќе биде последно во „најбриот циркус во светот“.

Макс Ферстапен на овој начин останува без својата омилената трка во Ф1 календарот, бидејќи четирикратниот светски шампион победи на три од четирите изданија од 2021-ва година наваму.

Ферстапен доминираше на трите премиерни трки на домашно тло, а не победи само оваа година кога побрз од него беше Ландо Норис.

Во веста на Формула 1 се потенцира дека изданието на Зандворт ќе биде последно во Формула 1 во 2026-та година, но истото ќе биде специјално поради фактот што таа сезона ќе се вози и спринт за време на натпреварувачкиот викенд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни