Формула 1
Ф1 циркус: Замената за Алонсо негира дека потпишал договор со Алпин! (Фото)

Тоа што требаше да претставуваат мирни преговори за нов договор меѓу Алпин и Фернандно Алонсо, на крајот се претвори во голема драма откако Сесбастијан Фетел ослободи едно место во гридот по крајот на актуелната сезона.
Пред трката за Големата награда на Унгарија, Германецот соопшти дека се повлекува од Ф1 и дека повеќе време ќе му посвети на своето семејство, одлука која направи да видиме едни брзи и експресни преговори кои веднаш завршија со потпис.
Фернандо Алонсо потпиша со Астон Мартин и ќе вози во зелениот болид во 2023-та година, што направи едно место да остане празно во редовите на Алпин.
Овој тим има доста проблеми да ги смири страстите меѓу Естебан Окон и Фернандо Алонсо на последните трки, но очигледно не му оди ниту со потврдата на новиот возач за 2023-та година.
Алпин соопшти дека замена за Алонсо во болидот ќе биде Оскар Пјастри, но сега самиот тој тврди дека не се согласува со соопштението кое го објавил тимот.
– Разбрав дека без моја согласност, Алпин испратил соопштение дека ќе возам за нив наредната сезона. Тоа не е точно, не сум потпишал договор со нив за 2023-та година. Нема да возам за Алпин наредната сезона, – порачува Пјастри.
I understand that, without my agreement, Alpine F1 have put out a press release late this afternoon that I am driving for them next year. This is wrong and I have not signed a contract with Alpine for 2023. I will not be driving for Alpine next year.
— Oscar Piastri (@OscarPiastri) August 2, 2022
-
Англијапред 24 часа
Ван Дајк со „воспитна“ за Нуњез по кошмарното деби на „Енфилд Роуд“
-
НБАпред 23 часа
Дурент се јави со официјален став по шокантните гласини дека размислува за пензија (Фото)
-
Англијапред 20 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 22 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Италијапред 23 часа
Спалети со „отровна стрела“ за ѕвездата на Наполи: Тимот ќе опстои и без тие што не сакаат да бидат со нас
-
Италијапред 22 часа
Јувентус ја потврди повредата на Ди Марија и ги разочара фановите
-
Шпанијапред 5 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 4 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…