Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Европскиот Суд во Луксембург го одбил барањето за брза одлука во спорот меѓу УЕФА и Супер лигата

Објавено

на

Европскиот Суд на правдата во Луксембург го одбил барањето на Судот во Мадрид за донесување брза одлука за спорот меѓу Супер лигата и УЕФА.

Судот во Мадрид побара забрзан процес за мислење околу тоа дали УЕФА смее да ги блокира клубовите да формираат друго европско натпреварување, но таков процес нема да има, објави порталот „Политико“.

Основачите на Супер лигата и УЕФА пред неколку дена добиле информација дека дека Судот во Луксембург го одбил барањето на колегите од Мадрид.

Процесот сега веројатно ќе продолжи по вообичаена процедура, но нејасно е дали ќе има влијание врз желбата на УЕФА да изрече дисциплински мерки за клубовите основачи кои останаа во проектот.

И покрај повлекувањето на најголемиот број клубови, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа посветени на проектот и веројатно ќе ги исцрпат сите легални процедури за да докажат дека УЕФА се обидува да одржи монопол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни