Европски автомобил на годината: Заводникот Citroen C3 Aircross во клинч со луксузниот Audi A8

Citroen-C3_Aircross-2018-800-06

Организаторите на изборот за Европски автомобил на годината ги објавија финалистите за признанието кое ќе биде доделено за 2018 година.
Специјалното жири составено од автомобилски новинари ќе треба да го изберат победникот во конкуренција на седум модели од различни класи и ценовни сегменти.
Меѓу кандидатите е и урбаниот кросовер на Citroen кој го носи името C3 Aircross и ги воодушеви купувачите со своите квалитети во кои се вклучени уникатниот дизајн, поголемиот простор во кабината и капацитет на багажникот од ривалите, како и богатиот избор на комбинации на бои и детали. Наспроти C3 Aircross e петтата генерација на Seat Ibiza која се наметнува како единствен субкомпакт во ова друштво, а номинација доби и Volvo XC40 кој е претставник на малите SUV модели од премиум друштвото.
Kia Stinger e интересен концепт на автомобил или седан со спортски карактер кој носи сериозна свежина во понудата на корејскиот бренд, а од слична, но премиум позиција доаѓа новата генерација на BMW 5 Series која претставува нова интерпретација на бизнис лимузината која има долга традиција и милиони продадени примероци.
Alfa Romeo доби свој претставник со првиот SUV наречен Stelvio, автомобил кој освојува со дизајнот и спортските гени карактеристични за италијанскиот бренд, додека кругот се затвора со Audi A8, знаменосецот на германската марка кој во најновото издание донесе нови иновации и ги подигна стандардите во луксузната класа.

Победникот ќе биде познат во март, а минатата година наградата ја доби Peugeot 3008 и тоа пред Alfa Romeo Giulia и Mercedes E-Class.

Facebook Коментари