Поврзете се со нас

Шпанија

Европската титула донела и друга придобива за Вилијамс: Добив облог со својот брат Ињаки и затоа си купив Порше (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Нико Вилијамс беше еден од најдобрите и најактивните шпански играчи на Европското првенство, бидејќи заедно со Ламин Јамал претставуваа страв и трепет по крилните позиции за сите противнички одбрани.

Брзоногите крила направија голема разлика во нокаут фазата и двајцата на млада возраст се закитија со титулата „европски шампиони“, а откако Јамал откри дека не добил дозвола да си купи октопод во куќата на своите родители, Нико обелоденува дека неговите најблиски биле малку попопустливи.

Младата ѕвезда на Атлетик Билбао на 22 години се купи Порше 911 ГТ3, а таква дозвола добил откако успеал да излезе како победник во облогот кој го имал со својот брат Ињаки.

– Добив облог со својот брат Ињаки и со дозвола на мојата мајка, на крајот си го купив автомобилот кој го сакав. Облогот беше следен:

– Ако го освојам Европското првенство, имам дозвола да го купам автомобилот и на крајот тоа се случи. Си го купив автомобилот кој го сакам на 22 години, досега возев навистина обичен и нормален автомобил. Ова е награда која ја сакав долго време и конечно ја дочекав. Многу ги сакам автомобилите, но морав напорно да го заработам ова Порше, – открива Нико.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни