Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Европската Супер лига станува реалност, се очекува соопштение од клубовите учесници

Објавено

на

Десетина големи европски клубови ќе бидат дел од нова европска Супер лига, која ќе биде објавена наредниве денови, а можеби уште вечерва.

„Скај Спортс“ од свои извори пренесува дека Ливерпул, Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед веќе го потврдиле учеството, додека се очекува таму да се најдат уште два премиерлигаша.

Супер лигата ќе донесе голем конфликт на фудбалската сцена, бидејќи не е дозволена од УЕФА и ФИФА, а дел од проектот се и Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус.

Се најавува дека учесниците ќе бидат богато наградени за вклучувањето во новото елитно натпреварување, а само американската банка „JP Morgan“ одобрила 6 милијарди долари за проектот со кој ќе биде засенета Лигата на шампионите.

Наскоро очекуваме повеќе реакции на темата, со оглед на фактот што очигледно дека финансиската криза која ја предизвика пандемијата, го забрзало процесот на објавување на новото натпреварување.

УЕФА за утре најави седница на Извршниот комитет на кој треба да биде променет форматот на Лигата на шампионите од 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни