Поврзете се со нас

Евролига

Евролигата ја призна грешката на судиите, Звезда бара победа или нов меч со Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона по една вистинска драма која донесе и продолжение успеа да слави над Црвена Звезда во Евролигата.

„Црвено-белите“ беа на чекор до изненадување, но испуштија двоцифрена позитива во последната четвртина, четвртина која заврши со луда тројка на Никола Миротиќ со звукот на сирената за нерешени 84-84 и дополнителни пет минути.

Потоа каталонците беа подобри во екстра „периодот“ за конечни на крајот 99-95. Меѓутоа по крајот на натпреварот се појавија фотографии, видеа на кои се гледа како Миротиќ ја гази линијата при клучната ситуација, тројката со која спречи радост за Звезда.

Судиите дефинитивно направиле грешка, превид во таа ситуација, а тоа го потврдија и од Евролигата.

Со оглед на тоа што пропустот беше официјализиран од таборот на Црвена Звезда вложиле жалба до Евролигата во која бара натпреварот да е регистрира во нивна корист или да се поништи затоа што има грубо кршење на правилата.

Миротиќ со неочекуван коментар: Ја газев линијата? Па како да не им свират на судиите

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни